СТАНДАРД life
Шоубиз

Како на свадба: Џенифер Лопез и Бен Афлек блеснаа во бело (ФОТО)

Џенифер Лопез и Бен Афлек ја поминаа вечерта со спортскиот магнат Мајкл Рубин, кој приреди една од најексклузивните забави на годината во неговата палата во Хемптонс.

Познатиот пар пристигна на прославата на Денот на независноста на Америка во друштво на ќерката на Афлек, 17-годишната Вајолет, а целото семејство го привлече вниманието во целосно бели стилови.

Џенифер ЛопезЏенифер ЛопезБен АфлекБен АфлекБен Афлек

Лопез носеше елегантен долг фустан со преден шлиц под бистата што даваше поглед на нејзините издлабени стомачни мускули, додека детаљот со машна на врзувањето даваше уште поженствен шмек. Аутфитот го заокружи со чанта „Валентино“ со златна тока, усогласена со елегантен накит.

Бен Афлек и неговата ќерка Виолет исто така го следеа кодексот на облекување на забавата и, како и останатите познати гости, пристигнаа во гламурозни бели стилови, а 50-годишниот актер донесе допир на лежерност носејќи бели Nike патики со црно лого.

Поврзани вести

Сара Џесика Паркер посвои мачка од серијата And Just Like That…

Urednik

Бела Хадид отворено за својата борба со болеста: „Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена“

Urednik

И Кејт и Вилијам се расправаат: Блиска личност открива кој го крева тонот и кој ја „спушта топката“

Urednik