Американските научници открија дека трчањето 5 км дневно помага при хроничен стрес. Причината е дека трчањето е корисно за хипокампусот – центар на мозокот задолжен за меморија, соопштува “Сајанс дејли”. Меморирање на информации е оптимално кога врските меѓу невроните на хипокампусот постепено се засилуваат. Овој процес се нарекува долгорочна потенцираност.
Хроничниот стрес ги ослабува контактите помеѓу нервните клетки, што негативно влијае на меморијата, велат истражувачите.