СТАНДАРД life
Храна

ЗА РУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА: Совршени тестенини со тиквички за топлите летни денови

Совршеното летно јадење е едноставно, вкусно и брзо се подготвува, а овој рецепт е токму тоа. Верувајте, ќе ви се допадне во топлите и мрзливи летни денови.

Она што го сакаме од летните тестенини е да се едноставни и подготвени со свежи состојки, идеално направени со зеленчук директно од градината или пазарот.

Покрај босилек и лук, за овој рецепт ќе ви треба и рикота, а особено внимателно изберете ја бидејќи вкусот на ова освежително летно јадење кое можете да го послужите и за ручек и за вечера, во голема мера зависи од квалитетот на сирењето.

Потребни состојки:

* Екстра девственото маслиново масло

* 1 мал кромид, ситно сецкан

* Околу килограм тиквички, исечени на парчиња со дебелина од половина сантиметар (поголеми тиквички, исечени на половина по должина пред сечење)

* Сол и црн пипер

* 2 чешниња лук или мелен

* 30 гр листови босилек

* 450 гр тестенини, зити или друг сличен вид

* 225 гр рикота

* Прстофат мелен црвен пипер

* Кора од 1 лимон

* 55гр рендан пармезан, пекорино или смеса, плус уште малку за сервирање

Подготовка:

Ставете тенџере со вода да зоврие. Во голема тава на средна топлина, пржете го кромидот во 3 лажици маслиново масло додека не омекне, 5 до 8 минути. Намалете ја топлината колку што е потребно за да не зарумени кромидот. Додадете ги тиквичките, обилно зачинете со сол и бибер и продолжете да крчкате, повремено мешајќи додека не омекнат, околу 10 минути. Исклучете го огнот.

Во меѓувреме, во толчник, истолчете го лукот, босилекот и малку сол во груба паста (или користете процесор за храна). Измешајте 3 лажици маслиново масло.

Убаво посолете ја водата за тестенините и со мешање додајте ги тестенините. Гответе според упатството на пакувањето, но внимавајте тестенините да останат ал денте. Сварените тестенини исцедете ги, а една шолја од водата за готвење оставете настрана.

Додадете ги сварените тестенини на тиквичките во тавата и загрејте ја температурата на средно висока. Додадете половина шолја вода од каде се готвеа тестенините, потоа рикота, мелен црвен пипер и кора од лимон и добро измешајте за да се распоредат сите состојки. Прилагодете ги зачините.

Гответе уште една минута. Смесата треба да изгледа кремаста. По потреба додадете уште малку вода од варењето на тестенините. Додадете ја пастата од босилек и половина од ренданиот кашкавал и брзо измешајте да се соедини. Ставете ги тестенините во топли чинии за супа и посипете ги со дополнителен кашкавал. Послужете веднаш.

На здравје!

Поврзани вести

🎥Рецепт за супа која секојдневно ја јадат најдолговечните луѓе во светот

Urednik

Ананас на скара со камембер и мед

Radmila Tasevska

Совршено крцкави компири: Готвач ја открива тајната на подготовката на овој деликатес

Urednik