СТАНДАРД life
Здравје

Најголемите митови за сончевите изгореници

Ех, лето!

Нашата омилена сезона, која буквално ja чекаме цела година. Со порастот на температурите, имаме чувство дека исчезнуваат сите наши проблеми, а единственото што нè возбудува е што точно да си облечеме.

Вечерите се бескрајно долги и дури не чувствуваме како запира времето. Се разбира, времето тече уште побавно, ако сме се прецениле на плажа.

Кожните изгореници можат да нè натераат буквално да „спиеме на закачалката“ и да нè можеме да се ослободиме многу долго време од болки и непријатност.

Како што е јасно, потоа доаѓа не помалку непријатниот дел од лупење. Поради сè ова, решивме да расчистиме некои од најчестите митови за изгорениците.

1. Млеко

Сите сме се обиделе да ставиме кисело млеко врз изгорена и црвена кожа, но вистината е дека тоа не помага. Дерматолозите тврдат дека единствениот плус, кој може да го има таква постапка е само разладување за кратко на површината, но ништо повеќе. Наместо тоа, користете го јогуртот за вкусен десерт.

2. Домати

Често по горење нè советувале или да исцедиме сок од домати врз кожата, или да поставиме парчиња. Главно целта е да се смири црвенилото, но сигурно не делува. И најлошо е што може да има негативни последици, бидејќи доматите имаат висока содржина на киселини и може да нè боли.

Чај

Бидејќи различните видови чај имаат анти-воспалителни својства, често се препорачани при изгореници. Има доста добри и ефикасни опции како на пример да си направите ладни облози. Овошниот чај го пиете ладен и по можност под чадорот.

4. Оцет

Кога станува збор за зелена и вкусна салата, оцетот е одличен зачин. Кај сончевите изгореници работите не стојат така. Слично на доматите, но во уште поголеми количини, оцетот има киселини, кои можат да влијаат на ситуацијата. Наместо тоа, користете навлажнувачки лосион за тело или хидратантен крем.

5. Масло

Бабите ја бранеле ревносно тезата дека ако ја намачкаш со масло кожата изгорена од сонцето, ќе успееш да ја задржиш влагата. Тоа не е вистина – подобро користете производи кои ќе ја ВЛАЖНАТ кожата и ќе ја изладат.

А сепак, редно е да се спомене и дека е подобро да се преземат мерки навреме, отколку да барате лек. Не заборавајте да нанесувате крем за сончање во барем час пред изложување на сонце и секогаш откако сте биле во водата.

Поврзани вести

Три симптоми кои се меѓу првите кои укажуваат на рак на тестисите

Urednik

Овие намирници го скротуваат апетитот!

Radmila Tasevska

Две ФАТАЛНИ ГРЕШКИ кои ги прават луѓето со ВИШОК КИЛОГРАМИ

Urednik