СТАНДАРД life
Балкан микс

Наташа Шавија тврди дека Кариќ претепал и друга девојка: Се заканува и со видео

Таа тврди дека има друга снимка.

Старлетата Наташа Шавија беше брутално претепана пред неколку недели на свадба, а главен осомничен за тоа е поранешниот задругар Стефан Кариќ, нејзиниот поранешен партнер.

Шавија беше оперирана за да го спаси повреденото око, а неколку недели по трауматскиот настан, последиците се очигледни бидејќи нејзиното лице е делумно деформирано.

Таа последниве денови на Инстаграм се кара со Кариќ, а сега тврди дека има видео како физички малтретира друга женска личност.

„Кога зборуваме за надзорните камери, дали го сакаш тоа видео пред ресторанот каде што ја претепа девојката? Знаеш која“, напиша Наташа.

Да потсетиме, Кариќ по неколкудневно бегство отиде во притвор каде што остана 30 дена.

После тоа се огласи неговиот адвокат кој откри колкава казна може да добие Кариќ.

„Ќе видиме каков ќе биде исходот … Доколку се докаже се во врска со повредите, казната е од шест месеци до пет години затвор. Тој се чувствува добро, подготвен е за сè што го очекува во наредниот период“, изјави адвокатот на Стефан за тамошните медиуми.

Поврзани вести

ВОЈАЖ И БРЕСКВИЦА НЕ ПРЕСТАНУВААТ! Вака пејачот одговори на ПРОВОКАЦИИТЕ на поранешната девојка! (ФОТО)

Radmila Tasevska

„Фрајле“ ја обвинија поранешната менаџерка за злоупотреба: „Тоа низ што поминувавме го има само на филм“

Urednik

📸 Првите фотографии од уништениот автомобил на Ѓорѓе Давид

Radmila Tasevska