СТАНДАРД life
Здравје

Не фрлајте ја лимоновата кора, таа е поздрава и од лимоновиот сок

Кога ќе го исцедиме лимонот ја фрламе лимоновата кора. Но, веројатно не сте знаеле за моќта на лимоновата кора досега.

Таа е богата со многу хранливи материи, дури и повеќе од лимоновиот сок. Богата е со витамин А и Ц, калиум, калциум и природни влакна кои имаат позитивно влијание на нашите мускули, очи, нерви, срце.

Калиумот од лимоновата кора ги опушта крвните садови и помага за намалување на крвниот притисок. Тоа придонесува и за подобра работа на срцето.

Лимоновата кора се препорачува и за сите оние кои имаат проблеми со метаболизмот и тврда столица бидејќи е богата со природни влакна. Таа исто така има и позитивно влијание за одржување на нормална телесна тежина, а е добар сојузник и за спречување на појавата на дијабетес.

Освен што делува одлично внатрешно на нашиот организам, одлична е и за надворешна употреба, односно помага за спречување на појавата на акните. Таа исто така помага и во намалување на порите на кожата.

Поврзани вести

Пет плодови богати со хранливи материи кои го зголемуваат нивото на хемоглобин

Radmila Tasevska

Ако не можете да живеете без чоколадо, изберете го ова

Radmila Tasevska

Што му прави еден газиран пијалок на вашето тело?

Radmila Tasevska