СТАНДАРД life
Храна

Со што може да ги замените јајцата во исхраната

Ако од некоја причина не можете или не сакате да јадете јајца, не грижете се, бидејќи постојат соодветни замени.

Една од замените за јајца е тиквата. Тиквата ги поврзува состојките и му дава доволно влажност на секое јадење. Може да се користи една третина шолја во вид на готвено пире од тиква, за да ги замени јајцата во вашето мени.

Компирот е крал на зеленчукот и одлична замена за јајцата. Во секое јадење јајцата можете да ги заменете со пире од компири. Четвртина шолја пире од компир е еднаква на едно јајце.

Кога подготвувате колачи, јајцата можете да ги замените со маслиново масло.

Како супер и здрава замена за јајца може да биде и бананата. Експерти препорачуваат да користите една четвртина шолја изгмечена банана, која заменува едно јајце.

Поврзани вести

„Сос од милион долари“ – раскошно мезе кое ќе ги воодушеви сите

Urednik

Посни кифлички: на целото семејство ќе им се допаднат на првиот залак

Urednik

Бадемите се здрави, но еве кога е најдобро да ги јадете

Urednik