СТАНДАРД life
Храна

Пилешко во кари: Брз ручек за крајот на работната недела

Рецепт за сочно пилешко во кари сигурно ќе ви го спаси денот. Петок е и сакате да се одморите по напорната работна недела.

На овој начин ќе имате убав, исполнет и здрав ручек, со минимално време за подготовка.

Состојки:

* 600 гр пилешко филе
* 300 мл јогурт
* 2 супени лажици сенф
* 1 лажица кари
* бибер
* 2 лажици брашно
* билни зачини по вкус
* 3 чешниња лук
* Масло

Подготовка:

Прво ставете го пилешкото да се динста на малку масло и вода, а во меѓувреме направете го сосот.

Во јогуртот ставете го брашното и измешајте, па додајте ги карито, сенфот и биберот и повторно измешајте.

Испасираниот лук, исто така, влегува во сосот.

Кога ќе се свари пилешкото, прелијте го со сосот, па оставете сè уште малку да крчка, на тивок оган.

Послужете со ориз, но ако сакате, одлично оди и со макарони.

На здравје!

Пилешко „Алфредо“ – ручек готов за помалку од половина час

Поврзани вести

Кечап или сенф: Кој сос е поздрав?

Radmila Tasevska

Посна шпанска пита

Urednik

Брускети со печурки и моцарела: Италијанска класика

Urednik