СТАНДАРД life
Балкан микс

Исто како Барби: Јелена Розга ја покажа витката фигура во розово мини здолниште

Јелена Розга за својот концерт во Слано избра вртоглаво мини здолниште во розови тонови изработено во техниката тај-ди.

Кога станува збор за облеката за настапи, омилен избор на Јелена несомнено и се кратките фустани кои знае да ги носи.

Како и секогаш, згодната сплиќанка повлече воздишки во предизвикувачко издание, мини фустан кој ја истакна нејзината беспрекорна фигура.

Изгледот во кој не можеше да остане незабележана, Јелена го потполни со косата средена во меки бранови и вртоглави бели сандали со прерамки, кои беа голем хит во последните неколку сезони.

Оваа впечатлива модна комбинација е донекаде инспирирана од актуелните трендови на Барби, кои секако вклучуваат стајлинг во сите нијанси на розова и се покажа како одличен избор за Јелена Розга.

Расположената пејачка направи одлична атмосфера во Слано каде ги изведе своите најголеми хитови.

Поврзани вести

Еве како изгледаше Ана Николиќ на почеток на кариерата (ФОТО)

Urednik

Кога ќе го дознаете вистинското занимање на Здравко Чолиќ, ќе се зачудите

Urednik

Северина го изгуби старателството над синот па порача: „Ќе се борам до последната капка крв за моето дете“

Radmila Tasevska