20.8 C
Скопје
19 септември, 2026
СТАНДАРД life
Здравје

Три корисни совети за вашето ЗДРАВЈЕ доколку работите од дома

Светскиот економски форум има три совети за оние кои работат од дома, со цел да го зачуваат своето здравје.

Првиот се однесува на ’рбетниот столб затоа што многумина се принудени да седат долго време и да користат компјутер.

Затоа се препорачува да седите на што е можно поудобно столче, така што екранот да биде на ниво на очите, а стапалата да бидат исправени на подот, односно да седите без да ги прекрстувате нозете.

Вториот совет е да се разбудите во време кога требало да оди во канцеларија, т.е. до работното место.

Со тоа се создава можност за вежбање што може да трае три до четири минути. Ова ќе биде корисно за мускулите и ќе поттикне подобра циркулација на крвта.

Третиот совет е да вежбате надвор од работното време.

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува половина час вежбање секој ден за возрасни, и еден час вежбање за деца секој ден.

Поврзани вести

Кардиолозите предупредуваат: Ако имате над 60 години, избегнувајте ги овие грицки

Urednik

Совршениот појадок за слабеење

Radmila Tasevska

Што се случува со вашето тело кога пиете сок од портокал на празен стомак?

Urednik