СТАНДАРД life
Здравје

Побелувањето на косата се должело на протеин?

Истражување на ретка генетска болест открива кои се причините за посивувањето на косата и ќелавоста. Д-р Лу Ле и неговиот тим од Универзитетот во Тексас се убедени дека резултатите од него можат да го пробијат патот кон третманот на овие состојби, што се случуваат кај многу мажи и жени.

Научниците ја истражувале таканаречената неврофиброматоза тип 1 (NF1) – генетска болест, при што туморите растат врз нерви. Основната цел им била да се откријат нивните механизми на раст, но наместо тоа ги идентификувале процесите кои се одговорни за појавата на губење на косата или засипнатост.

Побелувањето и загубата на коса се смета за нешто нормално од многу луѓе, но за други е повеќе причина за загриженост. Истражувањата на Д-р Ле и неговите колеги покажаа дека фоликулите содржат матични клетки кои се вклучени во производството на коса. Важно значење за овој процес има и протеинот KROX20.

Кога матичните клетки ќе се вгнездат во основата на фоликулите на косата, тој се активира во кожните клетки и на тој начин се формираат фоликулите „шахти“. Така фоликулите на претходните клетки го произведуваат протеинот SCF вклучен во пигментацијата на косата.

Поврзани вести

Чувство кое сите сме го доживеале: Зошто луѓето се лути кога се гладни?

Radmila Tasevska

Често пиете пиво? Еве како ви го УНИШТУВА ИМУНИТЕТОТ!

Radmila Tasevska

Пет намирници кои не треба да ги јадете на празен стомак

Radmila Tasevska