СТАНДАРД life
Шоубиз

Бакнал една од најубавите жени на светот, но тоа не му останало во најдобро сеќавање

Многу мажи ширум светот фантазираат да се бакнуваат со една од најубавите холивудски актерки Скарлет Јохансон, а оваа можност се укажала на нејзиниот колега Мет Дејмон во 2011 година, кога заедно го снимале филмот „Купивме зоолошка градина“.

Меѓутоа, во своето последно интервју за LADbible, Мет Дејмон откри, верувале или не, како неволно се сеќава на тие моменти. „Морав да ја бакнам Скарлет Јохансон – можете ли да замислите колку беше страшно за мене? Беше вистински пекол“, рече Дејмон и објасни:

„Она што се случи е дека снимавме непосредно пред ручекот, снимивме две мали сцени кои завршуваат со бакнежи. И беше одлично.’

Убедени дека тоа е тоа, што се однесува до бакнежите, двајцата отишле на ручек, а Скарлет Јохансон од менито избрала сендвич со кромид. Се беше во ред до враќањето на сетот, кога дознаа дека мора да ги повторат сцените со бакнување.

„Скарлет влезе и режисерот Камерон Кроу му рече на камерманот да се подготви да ја сними сцената со бакнеж одблиску. Таа потоа рече: „Душо, штотуку изедов сендвич со кромид!“

Како што рекол, после тоа цело време ја задевал дека здивот и мириса на кромид, но сето тоа било добра шега, вели тој.

Поврзани вести

Поранешниот сопруг на Бритни сака поголема алиментација: „40 илјади долари не се доволни за моите синови“

Urednik

Како ќе се вика принцот Вилијам кога ќе стане крал? „Американците го сакаат поради тоа име“

Radmila Tasevska

Џорџ Клуни за Метју Пери: „Улогата во „Пријатели“ не му донесе ниту среќа, ниту мир

Urednik