СТАНДАРД life
Храна

Како да изберете сочна диња?

Летото е период кога сите сакаме да се разладиме со диња или лубеница, но најголемиот проблем е како да ја избереме најсочната. Еве неколку совети како да изберете сочна и блага диња: Сочната диња сјае, има силен мирис, златна боја и мрежички на неа.

Исто така, дињата, колку е потешка, толку е посочна и побогата.

Дињата има многу вода, помага за хидратација и диета на телото, а има малку шеќер, само околу 10 посто.

Бидете внимателни доколку имате чувствителен стомак бидејќи таа може да делува раздразливо.

Таа го забрзува варењето, па може да придонесе до дијареја, па ако имате проблем со стомакот избегнувајте ја, или јадете по малку неколку пати на ден.

Поврзани вести

МЕКИ ЛЕПЧИЊА ЗА ПОЈАДОК: Домашен рецепт кој ќе ве воодушеви! (ВИДЕО)

Radmila Tasevska

Домашен пудинг од мандарина! Кремасто задоволство во секој залак

Radmila Tasevska

Рецепт за француски тост

Radmila Tasevska