СТАНДАРД life
МК Сцена

Коки во чест на својот пријател и колега Дуле на 15 септември ќе одржи концерт во Домот на млади во Штип

Македонскиот музичарот Никола Јанков познат како Коки во чест на својот пријател и колега Душан Љубисављевиќ познат како Дуле на 15 септември ќе одржи концерт во Домот на млади во Штип една недела пред 10-годишнината од смртта на неговиот колеги и пријател Дуле.

Јанков на својот инстаграм профил официјално го најави концертот. Тој и неговиот бенд ќе ги евоцираат спомените од едно време полно со насмевки и музика, време кога „Дуле и Коки“ ги имаа едни од најголемите хитови на нашата естрада.

Двајцата оставија белег на музичката сцена со хитовите „Виолина и гитара“, „Марама“, „Колку треба да се плати“ и други.

Да потсетиме пред три години, на годишнината од смртта на Дуле, Коки напиша писмо кое го објави на социјалните мрежи.

„Сè ми доаѓа дека од некаде ќе се појавиш, и тоа најчесто ми се случува додека свирам … Можеби дури сега сфаќам дека навистина те нема … Да знаеш дека не престанувам со музика, иако многу пати ми има дојдено да баталам се, ама има песни кои треба да се пеат и свират. Помладите поим немаат кои биле Дуле и Коки, ама песните ги знаат, на глас – помеѓу другото напиша музичарот во емотивното писмо“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Koki Jankov (@kokijankov)

Поврзани вести

Летово го загуби татка си, а сега почина и неговата мајка: Македонскиот пејач се прости со трогателна објава

Urednik

Ана Станојевиќ ја доби наградата „Најдобра поп композиција во Балканскиот Манир“ на „Охрид фест“

Urednik

„М“ доби награда за најдобар филм на фестивал во Њујорк

Urednik