СТАНДАРД life
Стил

Блеска и на 59 години: Во стајлингот на Сандра Булок доминираа најпосакуваните парчиња

Оскаровката Сандра Булок не помина под радарот на дежурните папараци на улиците на Лос Анџелес.

Таа во друштво на пријателка се прошета во стајлинг создаден од најпосакуваните парчиња на модната сцена.

Фустанот во боемски стил украсен со цветен принт таа вешто го стилизираше со минијатурна верзија на хит чантата од брендот Loewe, а во стајлингот подеднакво доминираа и легендарните сандали од брендот Birkenstock, на кои зависниците од модата се враќаат секоја летна сезона. .

Инспиративното уличен стил издание на Сандра Булок доаѓа откако таа го прослави својот 59-ти роденден оваа среда, опкружена со познати пријатели.

Поврзани вести

Совршен стајлинг за совршена вечер: Лоренс изгледа шик, а чантата и балетанките се хит

Urednik

Во фустан кој не поднесува долна облека: Нели Фуртадо модно ризикуваше на доделување на награди

Urednik

📷Удобни и елегантни: Новите панталони на Викторија Бекам ги полудеа љубителите на модата

Urednik