СТАНДАРД life
Храна

Рецепт за сладолед изненадување со џин и чоколаден ликер

Дали знаевте дека џинот е најздравиот алкохолен пијалок?

Затоа е сосема во ред од време на време да се почестиме со нашата омилена комбинација на вкусови.

Викендот е совршена прилика за тоа, па во продолжение ви пренесуваме еден сосема поинаков рецепт кој би можел да ги воодушеви и најпребирливите непца.

Џин е неутрален пијалок кој одлично оди во различни комбинации. Тоник е омилен додаток на џин на многу луѓе, а комбинацијата од чоколаден ликер и сладолед би можела да стане најновото омилено нешто.

Пронајдете го рецептот за коктел од сладолед со џин подолу.

Состојки:

* 35 мл џин
* 50 мл чоколаден ликер
* 100 мл чоколаден сладолед
* 100 мл сладолед од ванила
* Рендано чоколадо по желба
* Неколку коцки мраз

Подготовка:

Џинот и ликерот од чоколадо добро измешајте ги. Можете да додадете или одземете количина, во зависност од тоа колку јак сакате да биде коктелот.

Додадете чоколаден сладолед во џинот и чоколаден ликер и сè добро измешајте во блендер.

На дното на чашата ставете сладолед од ванила, а потоа нежно прелијте го со густа смеса од џин, чоколаден сладолед и чоколаден ликер.

На крајот додадете неколку коцки мраз и декорирајте по желба.

Уживајте во вкусниот десерт кој ќе ги разубави летните вечери и ќе ги воодушеви пријателите.

На здравје!

Поврзани вести

Искористете ја сезоната: Џин во комбинација со круша и ванила

Urednik

Меки и сочни шницли од рерна

Urednik

Колач од вишни

Urednik