Сара Џесика Паркер ја избра чантата на годината – а ја потпишал непознат за јавноста дизајнер. Нејзиното име е Марија Габриела Дуке, а таа е одговорна за создавањето на чантата „Ема“ направена од кожа од кактус, која неодамна ја освои главната награда на наградата за дизајн Etsy 2023. Изборот на едно парче меѓу илјадниците пријавени не беше мал подвиг, но во морето модни додатоци за познатата актерка и модна икона, „Ема“ и привлече внимание.
„Се наклонувам кон винтиџ, па затоа некој како Марија ми е возбудлив. Дизајнот на чантата е иновативен. Не личи на други работи“, изјави Сара Џесика Паркер за InStyle. Ако некој ги разбира чантите, тоа е Сара Џесика Паркер, која ја отелотвори најголемата вљубеничка во модата од ТВ екранот, Кери Бредшо.
Чантата Ема може да се носи како ремен, преку рамо или со горната рачка, практична е и многу шик.
„Чувството на безвременост, тоа чувство на долготрајно присуство ми е многу важно. Бојата е големо искушение за мене, но сакам да ја гледам користена на навистина внимателен начин“, рече Паркер, додавајќи дека не сака да гледа „многу работи“ на чантите.
„Чантата на Марија е навистина чиста. Носи боја, но навистина е многу промислена. Мислам дека тоа е импресивно“.
Марија Габриела Дуке е поранешен електроинженер кој стана моден дизајнер, па не е изненадување што таа ги комбинира техничката моќ со креативната визија и одржливоста во нејзините дизајни.
Токму овој уникатен пристап му помогна на Дуке да ја освои главната награда од 25.000 долари.
„Техничките делови што ја прават торбата функционална се исклучително важни. Секој што преминува од инженерство во самоук дизајнер ќе го разбере создавањето на обликот, големината и волуменот. Таа прави сè сама, што е огромен потфат“, вели Паркер.