СТАНДАРД life
Храна

Рецепт за француски тост

Некои би кажале дека францускиот тост е исто што и пржените парчиња леб, но има разлика во подготвувањето иако во суштина е доста слично.

За овој вкусен оброк може да се каже дека е благата верзија на пржените лепчиња.

Еве како да го подготвите:

Изматете две јајца и додадете 100 мл. млеко. Во смесата додадете цимет, кора од портокал и малку ванилин шеќер. Добро измешајте ги состојките за да добиете компактна смеса.

Лебот исечете го на парчиња и ставете ги во тава. Прелијте со смесата од јајца, додека добро се впие течноста. Користете стар леб.

Парчињата можете да ги испржите на малку путер, по три минути од секоја страна. Потоа префрлете ги на хартија за печење и печете 15 минути во рерна претходно загреана на 200 степени Целзиусови.

По потреба зголемете ја дозата на состојки.

Наредете три парчиња во чинија и прелијте со џем, јаворов сируп или мед, или пак само со шеќер во прав.

На здравје!

Поврзани вести

ГАБОН ТОРТА: Полна со чоколадо, лешници, а кората е мека како сон – ЧИСТО УЖИВАЊЕ

Urednik

Вегански рецепт: Веганска бисквитна торта со малини

Urednik

Готвачка откри јадења кои никогаш не би ги нарачала за појадок

Radmila Tasevska