СТАНДАРД life
Балкан микс

Карлеуша во „илегала“: Гo избриша речиси цел Инстаграм – остави само две фотографии

Српската пејачка, Јелена Карлеуша ги избриша речиси сите фотографии од својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Пејачката остави само две фотографии, но не се знае зошто токму тие.

Овој нејзин потег шокираше многумина, бидејќи на сметката на Јелена на споменатата мрежа има над 2,4 милиони следбеници, а таа е многу активна на Инстаграм.

Многу обожаватели и пишуваат на пејачката во коментар за тоа што се случува и да се огласи, но таа се уште не ја објаснила својата одлука.

Да потсетиме, Јелена Карлеуша пред три месеци објави медиумска „илегала“.

– Планирам сега навистина да влезам во медиумска „илегала“ додека не излезе албумот што ќе го издадам во август – изјави тогаш таа за „Телеграф“.

Поврзани вести

Данијела Мартиновиќ откри што и рекол нејзиниот дечко Јосип на нивната прва средба и што направил за да ја освои

Urednik

Раста за прв пат јавно проговори за проблемите со кои се соочува Ана Николиќ

Radmila Tasevska

📷Празничен дух во куќата на Северина: Покажа како го украсила својот дом

Urednik