СТАНДАРД life
Шоубиз

Зои Дешанел се вери, среќната вест ја сподели на мрежите

Откако неодамна прославија четири години врска, актерката Зои Дешанел и Џонатан Скот, ѕвездата на шоуто „Ловци на имоти“, се верија.

Парот реши да ја сподели радосната вест со селфи; позираа за Инстаграм со широка насмевка на лицата, а актерката покажа прстен на раката.

„Засекогаш почнува сега“, напиша актерката под фотографијата и со своите следбеници, а честитките стигнаа во коментарите.

„Каков прекрасен прстен; многу сум среќен за тебе, честитки; Толку убава двојка, ја заслужуваш оваа среќа“, напишале нивните обожаватели.

Да потсетиме, Џонатан е брат близнак на Дру Скот, а кариерата двајцата ја изградија со популарното шоу „Ловци на недвижнини“. Тој започна врска со актерката пред четири години, а парот често споделува фотографии на Инстаграм од романтични патувања и дружење.

Поврзани вести

🎥Мини Драјвер: Мет Дејмон ми раскина пред Оскарите и дојде со друга девојка

Urednik

📸 Фотографија од последователната забава на Греми откри со кого се бакнува ѕвездата на Солтбурн

Radmila Tasevska

Руски тајкун го предупреди Круз за новата девојка: „Држи ги очите широко отворени… И паричникот“

Urednik