СТАНДАРД life
Шоубиз

Меган Фокс со непознати детали од својот живот: „Ќе ја платам секоја цена“

Познатата актерка Меган Фокс одлучи да се испроба и во улогата на писателка, па ја објави својата збирка поезија под називот „Жешките момци се токсични“, каде целосно ја отвори душата и зборуваше за најинтимните работи во животот.

Познатата актерка целосно го промени стилот по разводот со Брајан Остин Грин. Оттогаш, таа не престанува да шокира со својот се повпечатлив стил, а нејзиното момче Машин Ган Кели целосно го следи нејзиното ново издание.

Сега оваа позната актерка и убавица продолжи во свој стил и објави збирка песни во која им ја отвора душата на читателите, спомнувајќи ја врската со Машин Ган Кели, но зборувајќи и за нејзиниот абортус. Во ова дело таа се нарекува себеси „безнадежно романтична отворена рана“ и ги опишува нејзините борби со љубовта и страста во нејзините песни, пишува Page Six.

„Овие песни се напишани во обид да се искорени болеста која се вкорени во мене поради моето молчење“, навела Фокс и додала дека цел живот ги криела тајните на мажите и дека телото ја боли од поднесување на тежината на нивните гревови.

„Мојата слобода живее на овие страници и се надевам дека моите зборови можат да ги инспирираат другите да се вратат на нивната среќа и идентитет, да ја вратат светлината која била заборавена во темнината со нивниот глас“, објасни ѕвездата.

Таа, како и повеќето поети, не ги споменува конкретните имиња на нејзините поранешни љубовници, но нејзините обожаватели секако препознаваат за кого се пишува. Изгледа дека има напишано многу за Машин Ган Кели и за подемите и падовите на нивната врска од мај 2020 година. Пасуси во книгата спомнуваат „32-годишен нарцис“, „вистинска љубов“, „близнак пламен“ и „самозадоволна рок-ѕвезда“ која само се преправа дека има добри намери.

Песната насловена „Pretty Boy Is a Deadly Drug“ – навидум како одговор на објавата на Инстаграм од август 2020 година во која Фокс изјави дека МГК е болно убаво момче.

„Ти си зависност која нема да ја излекува ниту една молитва“, вели песната.

Се претпоставува дека и предговорот на нејзината збирка е упатен до Машин Ган Кели.

„Но, тогаш еден ден се случи. Еден од идиотите конечно ме скрши“, пишува актерката.

„Сега морам да се збогувам. Со затворени очи замислувам како те држам цврсто на гради додека те кинат од мојата утроба“, стои во илустрацијата на жена која држи бебе на последната страница.

„Ќе ја платам секоја цена. Кажи ми, те молам, кој е откупот за нејзината душа“, напиша Фокс.

Се шпекулира дека се работи за спонтан абортус кој се случил откако таа забременила со Машин Ган Кели, иако парот никогаш не го потврдил ниту го демантираше тоа.

Обожавателите го поврзаа со стиховите на песната на рокерот „Twin Flame“, која тој ја објави на неговиот албум „Mainstream Sellout“ во март 2022 година.

Очигледно е дека Фокс целосно ѝ се предала на оваа поезија, но и дека пејачката е повеќе од разочарана во љубовта.

„Врските не се убави. Тие се грди. Понекогаш тие се војна. Но, преку раната доаѓа можноста да растете и да станете посилна, поцелосна верзија на себе“, заклучила Фокс.

Поврзани вести

„Ја имав најубавата кариера, неверојатна“: Елтон Џон го одржа последниот концерт од својата проштална турнеја

Radmila Tasevska

Тејлор Свифт ја освои наградата за уметник на годината на IFPI по четврти пат

Radmila Tasevska

Актер од серијата „Наследници“ влетал со пикап во пицерија во Холивуд (ВИДЕО)

Radmila Tasevska