СТАНДАРД life
Фитнес

Како да го затегнеме телото со само неколку минути на ден

Редовната физичка активност нè прави поубави, а и се чувствуваме подобро. Освен тоа се намалува ризикот од развој на различни состојби, како кардиоваскуларни болести, дијабетес, па дури и рак. Физичката активност е и меѓу најдобрите начини да се бориме со стареењето.

И иако придобивките од редовниот спорт се добро познати, многумина не ја следат препораката од 150 минути умерена активност за една недела.

За оние кои не наоѓаат време за тренинг, има добри вести – докажан начин да се задржи фигурата само за неколку минути секој ден. Ова може да се постигне со високоинтензивните кратки тренинзи.

Кажано со едноставни зборови – тренираме напорно 20 секунди, додека дојдеме до степен што не можеме да земеме воздух, одмараме накратко, за да здивнеме, по што повторуваме заморна вежба.

На овој начин, наместо да се оствари со постојано темпо за долг период на време – 45 минути аеробни вежби или 1 час велосипедизам, вежбањето е поделени на кратки интервали напорно тренирање и одмор.

Една од прекрасните придобивки на овој вид тренинг е дека може да се спроведува насекаде – дома, во базенот, во паркот. Кога се шетаме на пример, треба да одиме со умерено темпо за околу 3 минути, а потоа забрзуваме со чекорот за уште 3 минути, пред да се вратиме кон понизок интензитет. Го повторуваме овој циклус неколку пати.

Канадски специјалисти појаснуваат дека овој вид тренинг може да ги донесе истите здравствени придобивки, како и во близина на еден час аеробни вежби.

Поврзани вести

🎥Заборавете на маринците: Овој тренинг го зајакнува целото тело, и почетниците можат да го пробаат

Urednik

Како до стегнат задник – со овие 3 лесни вежби!

Radmila Tasevska

Како можеме да поставиме одржливи новогодишни фитнес ветувања?

Urednik