СТАНДАРД life
Шоубиз

Сем Асгари за прв пат проговори по разводот: „И посакувам се најдобро, ср*ња се случуваат…“

Актерот Сем Асгари (29) првпат проговори откако се дозна за разводот со пејачката Бритни Спирс (41). Сем им се обрати на своите следбеници на Инстаграм и потврди дека на неговиот брак му дојде крајот.

-По шест години љубов и посветеност еден кон друг, јас и мојата сопруга решивме да го завршиме нашето заедничко патување. Ќе ги задржиме љубовта и почитта што ги имаме еден кон друг и ѝ посакувам се најдобро, засекогаш – започна Сем и потоа додаде:

-Ср*њата се случуваат. Барањето приватност изгледа смешно, затоа само ќе ги замолам сите, вклучително и медиумите, да бидат љубезни и внимателни.

Сем Асгари поднесе барање за развод од Бритни во средата, неколку часа откако се појавија првите гласини за крајот на бракот. Според пишувањата на странските медиуми, поранешните сопружници долго време имале проблеми, а некое време живееле одвоено. Иако претходно негираа дека има некакви проблеми, на крајот не можеа да го спасат бракот.

Иако Сем во својата последна објава навести дека тој и Бритни остануваат во добри односи, се чини дека нивниот развод нема да помине без проблеми. Имено, Асгари се обидел да го оспори предбрачниот договор кој го потпишале пред венчавката. Во него се наведува дека целиот имот што Спирс го стекнал пред бракот останува нејзин. Сем сега сака да го промени договорот, а во случај Бритни да не се согласи на тоа, тој се закани дека ќе ги открие нејзините срамни тајни во јавноста.

Поврзани вести

Блејк Лајвли го исмејуваше сопругот Рајан Рејнолдс: „Најди подобар дечко на Инстаграм од мене…“

Urednik

📸 Поради нејзиниот изглед на 91 година сите се во шок: „На каква диета е…?“

Radmila Tasevska

ТОЛКУ ЖЕНСТВЕНО: Фустан кој им одговара на сите без разлика на ВОЗРАСТА И ОБЛИКОТ НА ТЕЛОТО

Urednik