СТАНДАРД life
Храна

Овошен колач од малини без потреба од печење

Рецепт за торта/торта со само четири состојки, без кора, без печење, всушност без употреба на шпорет, рерна, рингла или дури и миксер.

Колачот од малини со пишкоти и слатка павлака ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите љубители на десерти.

Состојки:

* 300гр. замрзнати малини
* 400 гр. слатка павлака
* 500 гр. пишкоти
* 5 лажици шеќер во прав

Подготовка:

Оставете ги малините да се одмрзнат до половина, измешајте ја павлаката со шеќерот во прав.

Наредете ги пишкотите (по желба можете претходно да ги натопите во млеко), врз нив премачкајте со павлаката и шеќерот, а потоа наредете ги малините.

Врз нив наредете нов ред пишкоти, па повторно крем со шеќер во прав и малини.
Наредете така додека не ги потрошите состојките.

По желба одозгора може да се изренда и малку чоколадо.

Оставете го колачот во фрижидер да се излади по желба. Послужете со кафе.

На здравје!

Поврзани вести

Кои 6 грешки ги правите додека подготвувате ајвар?

Radmila Tasevska

Сакате ли „смеш“ бургер? Еве како да го подготвите…

Urednik

СОЛЕНИ МАФИНИ без глутен, масло и вишок калории: Пројa по рецепт на Новак Ѓоковиќ готовa за 15 минути

Urednik