СТАНДАРД life
Храна

Популарна состојка е вишокот во вашите матени јајца, сменете ја навиката!

Заедно со житариците, овошјето, лебот и разните намази, јајцата се веројатно една од намирниците кои најчесто ги користиме за подготовка на појадок и вечера. Може да се варат и пржат, а од нив најчесто се прават тврдо варени јајца, пржени јајца, омлет и матени јајца.

Изматените јајца се релативно лесни за правење, поради што се омилени и кај луѓето кои не се вешти во кујната. Сепак, постои една вообичаена грешка што многумина ја прават при подготовката на изматените јајца, а тоа е додавањето популарна состојка на која, според кулинарски експерти, не ѝ е место таму.

Како што многумина од вас претпоставуваат, се работи за млеко. Имено, многу луѓе имаат навика оваа течност да ја додаваат во јајцата откако ќе ги изматат, верувајќи дека на тој начин ќе им се подобри вкусот и ќе се направат матените јајца покремасти. Според Роби Мелвин, писател за готвење за списанието Southern Living, млекото во пржени јајца ќе направи само една работа: ќе го засени неговиот вкус.

Доколку сте купиле квалитетни јајца, сигурно не ви треба нешто што ќе им го „изеде“ вкусот. Во случај да сакате вашите матени јајца да бидат кремасти, Мелвин препорачува да ги направите со путер. Неговиот совет е јајцата никогаш да не ги матете во самата тава, туку во друг сад од кој ќе ги истурите во добро загреана тава.

По правило, изматените јајца не се пржат долго, туку се вадат од тавата по максимум една минута. Јајцата за време на пржењето се мешаат со шпатула за да бидат целосно готови, но не и препржени. Кога ќе бидат готови, може да се посолат и побиберат по желба и да се послужат на чинија или тост, пишува Активни.си.

Поврзани вести

Како да подготвите грчки саганаки?

Urednik

Брускети со печурки и моцарела: Италијанска класика

Urednik

Палачинки „Камерон Дијаз“ – вкусна алтернатива на класичниот десерт и одличен појадок

Urednik