СТАНДАРД life
Секс и врски

Како изгледа идеалната жена во очите на мажите?

Дали некогаш сте се запрашале што најмногу ги привлекува мажите кај жените и што прво забележуваат кај нив?

Одреден тип на шминка – Иако повеќето мажи тврдат дека им се допаѓа кога жените не се шминкаат бидејќи тоа ги прави да изгледаат поприродно, според едно истражување, жените кои се шминкаат почесто го привлекуваат вниманието на мажот. Но, тоа важи само за одреден тип на шминка. Жените кои носат „потемна“ шминка привлекуваат помалку внимание кај мажите и помала е веројатноста да бидат викнати на состаноци од мажите. Мажите всушност ги привлекува „неутрална и природна“ шминка.

Одредена големина на колковите – Ова всушност не е прашање на привлечност или изглед, туку на здравје и добра плодност. Жените кои имаат поголеми колкови и половина оставаат впечаток дека лесно можат да имаат деца, бидејќи го откриваат нивото на естроген во телото на жената.

Носење црвено – Црвената е боја на страста, па не е ни чудо што е привлечна за мажите. Жените кои носат црвено се посекси и попривлечни за мажите. Додека според студијата спроведена на Универзитетот во Рочестер, мажите ќе потрошат повеќе пари на состанок доколку жената со која се, облече црвено.

Љубезност и грижа – Доброто однесување со другите е исто така важно за мажите. Ова им покажува дека жените добро реагираат на потребите и желбите на другите луѓе, што веднаш ги прави попривлечни. Тоа им покажува и дека имаат квалитети кои би ги направиле добри мајки.

Висок тон – Додека на жените им е попривлечно кога мажите имаат длабок глас, мажите се сосема спротивно. Високиот тон на гласот им кажува на мажите дека оваа жена е многу женствена, во добра форма.

Поврзани вести

Мажите признаа која е разликата помеѓу жената што ја сакаат и онаа со која имаат само секс

Urednik

Тип на маж со кој жената ќе ја има најдобрата кулминација во кревет

Urednik

Јасни знаци дека жената навистина доживува оргазам, не може се да одглуми

Urednik