СТАНДАРД life
Балкан микс

Ивана Кнол: Непозната жена ме нападна поради нејзиното момче, се закануваше дека ќе ме убие

Хрватската старлета Ивана Кнол на Инстаграм се пожали на непријатна ситуација која и се случила во ресторан каде била нападната од друга жена.

„Бев нападната од непозната жена додека пиев чај со другарките. Мислев дека тука не ми треба обезбедување. Ме нападна бидејќи нејзиното момче ме погледнало кога влегов во кафулето. Ме чекаше три часа надвор пред кафулето, а потоа ме нападна“, ја започна таа приказната за непријатниот настан.

„Не ја ни забележав во кафулето. За среќа, пријателите ја запреа и ја одведоа од мене. Не можеа да ја задржат. Таа зборуваше дека ќе ме убие. Набрзо дојде полиција и ја зеде во притвор. Драги жени, сакам да ве прашам што се случува? Како може да бидете толку злобни и љубоморни? Зошто не можете да разберете дека постои жена која е поубава, помлада, пожешка, попаметна, посилна и повеќе успешна од другите“, продолжи таа.

„Сега не се работи за мене, ниту за вас, и штом ќе го сфатите тоа и ќе почнете да станувате најдобра верзија од себе, ќе престанете да бидете љубоморни. Не ја дефинирајте вашата вредност со маж – тие се тука за поддршка или да ви предизвикуваат главоболка – зависи од вашите избори, но тие сигурно не ја одредуваат вашата вредност“, заклучи Кнол.

Поврзани вести

Цеца проговори за свадбата на Анастасија и Гудељ!

Urednik

📷Празничен дух во куќата на Северина: Покажа како го украсила својот дом

Urednik

Ковачевиќ за вирусот: Изгубив 5 килограми, ми го пренело некое дете

Urednik