СТАНДАРД life
Балкан микс

Откажан настап на Раста во Струмица, познати деталите!

Српскиот рапер и музичар, Стефан Ѓуриќ Раста најави одложување на еден од следните настапи што требаше да ги одржи во рамките на неговата турнеја во Македонија.

Раста се огласи преку социјалната мрежа Инстаграм да ги извести своите фанови кои планирале да дојдат во клубот дека наводно инспекцијата го затворила локалот пред неговиот настап.

-Инспекцијата го затвори клубот во Струмица каде што требаше да настапиме вечерва. Нов датум ќе објавиме кога ќе се укаже прилика – напиша Раста на Инстаграм.

Раперот во таа прилика се заблагодари и на публиката во Охрид, која го бодреше на неговиот настап во тој град и уживаше во неговите песни.

Поврзани вести

Северина за приклучувањето на „Суперстар“: „Мајка ми најмногу ќе се радува на шоуто“

Radmila Tasevska

Дарко Лазиќ имал 1,9 промили алкохол во крвта, ќе мора да надомести штета од околу 120.000 евра

Urednik

Дејан Милиќевиќ ограбен во Македонија: „Ми го испразнија станот за 40 минути, не ми оставија ни гаќи“

Urednik