СТАНДАРД life
Балкан микс

Дејан Милиќевиќ ограбен во Македонија: „Ми го испразнија станот за 40 минути, не ми оставија ни гаќи“

Директорот на фотографија и визуелен уметник, Дејан Милиќевиќ се присети на својот живот во Македонија и на немилиот настан што му се случил на врвот на неговата кариера.

За помалку од еден час, сè што градев со години, го снема, изјави тој, цитиран од српски „Телеграф“.

„Луѓето повеќе ме повредуваат приватно отколку на деловен план. По 10 години во Македонија, за 40 минути ми го испразнија целиот стан. Имав камери, монтажа, добро работев и заработив убав капитал, вложив се. За половина час се од станот се најде на Косово и беше распродадено, а секако за тоа дознав многу подоцна – изјави Милиќевиќ и додаде:

-Тоа беше голем стан во Скопје, а блиндираната врата не беше обиена, што е многу интересно, туку отклучена. Излегува дека некој еднаш ми го зел клучот и направил нов… Не сакам веќе ни да размислувам за тоа. Очигледно, сè мораше да се случи на тој начин. Се што заработив го немаше за 40 минути, не ми оставија ни гаќи. Дури и рутерот го однесоа, веројатно за да ми кажат дека не сум добредојден, рекол Дејан.

Поврзани вести

Хана и Грашо чекаат второ дете?

Urednik

ТАРА СИМОВ ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА, ДРАСТИЧНО ОСЛАБНАТА: „Изгубив МНОГУ КРВ“

Radmila Tasevska

📷 Џибони: „Мала земја сме, се се знае… Дури и дека Северина е добра мајка“

Radmila Tasevska