СТАНДАРД life
Стил

📷Амал и Џорџ Клуни целосно го маѓепсаа Лондон со својата елеганција

Амал и Џорџ Клуни се појавија во Лондон на премиерата на филмот на Џорџ „The Boys in the Boat“ и ги воодушевија сите присутни на црвениот тепих.

Тие се појавија расположени, магично облечени и целосно заљубени.

Џорџ дојде и во класичен црн костум и чевли во иста боја.

Со оглед на тоа дека врнеше, како вистински џентлмен држеше чадор за својата сопруга Амал, а многумина забележаа дека е неодоливо шармантен.

Џорџ и Амал Клуни
Џорџ и Амал Клуни

Познатата адвокатка на црвениот тепих носеше монохроматска комбинација. Таа се одлучи за црна нијанса.

Одозгора имаше корсет, додека доле здолниште, а сè комплетирала со салонки и клач чанта.

Џорџ и Амал Клуни
Џорџ и Амал Клуни

Амал имаше и светло-црвен кармин, незабележлива шминка, фризура со руси прамени, а сето тоа го заокружи со мали, но забележливи обетки.

Поврзани вести

Бекам „падна“ на бизарните чизми кои го поделија модниот свет (ФОТО)

Urednik

Необичниот комбинезон доминираше во стајлингот на Софија Вергара

Urednik

📷Едноставен, а сепак толку добар стајлинг: Поради ова, балетанките никогаш нема да излезат од мода

Urednik