СТАНДАРД life
Шоубиз

Позната манекенка откри што и е најтешко во одгледувањето на четири деца

ОТКАКО го проширија своето семејство за уште два члена, Криси Тајген и Џон Леџенд балансираат две деца под една година и двајца основци. Познатата манекенка вели дека максимално се труди сите да ја почувствуваат нејзината љубов.

„Најтешкиот дел е да се погрижиме постарите да се чувствуваат сакани и згрижени и дека се исто толку посебни како и бебињата кои ги држиме повеќе во раце“, вели 37-годишната девојка.

Поголемите деца ги поминаа последните неколку недели во летен камп, што таа и Џон го искористија за да се посветат на најмладите.

„Тоа е многу работа за менување пелени и хранење, и се чувствувам како да сум со бебињата цело време, а Мајлс и Луна не добиваат доволно внимание. Му реков на терапевтот: „Тешко ми е, сакам сите да бидат исполнети и среќни“, додаде таа и истакна дека веројатно секој родител со две или повеќе деца може да се стави во нејзина кожа.

Да потсетиме, Тејген во јануари годинава го роди девојчето Ести, а пет месеци подоцна сурогат мајка го роди момчето Врен Александар. Постарата ќерка Луна има 7 години, а синот Мајлс 5.

Тејген забремени во 2020 година, но, како што изјави, бременоста завршила со абортус поради компликации.

Поврзани вести

The Prodigy го сменија контроверзниот стих од нивниот голем хит

Urednik

„Крај на летото со последното капење“: Бекам се прости од Хрватска

Urednik

Шок во Холивуд: Жена тврди дека е биолошка мајка на Мајли Сајрус, ја родила на 12 години

Urednik