СТАНДАРД life
Стил

(ФОТО)Џорџина Родригез го комплетираше својот елегантен изглед со чанта по која копнеат трендсетерите

Џорџина Родригез, свршеницата на познатиот фудбалер Кристијан Роналдо, се појави во Венеција во впечатливо модно издание во кое многу погледи ја следеа.

Темнокосата убавица се одлучи за шик стајлинг кој вклучуваше врв од корсет и панталони со широки ногавици, додека ова елегантно модно издание го комплетираше со штикли и престижна чанта, предмет на желба на многу трендсетерки.

Џорџина Родригез
Џорџина Родригез

Се разбира, станува збор за Hermès Birkin, статусен симбол и омилена чанта на многу познати вљубеници во модата како Џенифер Лопез, Викторија Бекам, Кејт Мос, Ким Кардашијан… Моделот на Џорџина е многу сличен на мат белата торба Diamond Himalaya Niloticus crocodile Birkin 30, која се продава за неверојатни 239.158 фунти (или околу 280.000 евра), што ја прави најскапата чанта продадена на аукција.

Едноставна фризура, тренди очила за сонце и ефектен ѓердан одлично се вклопуваат во ова сензационално дневно издание на 29-годишната девојка со аргентински корени.

Поврзани вести

📸 Дакота Џонсон и пркоси на зимата во целосно проѕирен фустан

Radmila Tasevska

📸Никол Кидман воодушеви во уште еден одличен црн фустан

Urednik

📷Ќерката на прекрасната Бразилка порасна во вистинска убавица, позираа во гламурозни изданија

Urednik