СТАНДАРД life
Стил

📷Ќерката на прекрасната Бразилка порасна во вистинска убавица, позираа во гламурозни изданија

Познатата бразилска манекенка Алесандра Амбросио и нејзината ќерка ја дочекаа новата година во голем стил.

Бразилскиот супермодел и поранешен ангел на Викторија ја дочека новата 2024 година во друштво на својата 15-годишна ќерка Ања, како што им откри на своите милиони следбеници на Инстаграм.

Дуото позираше во светкави мини фустани додека уживаше во новогодишниот огномет на плажа. И додека поранешниот ангел на Викторија избра „гол“ фустан со долги ракави дизајниран со слоеви од бисерни монистри и исечок на средината, нејзината 15-годишна наследничка носеше фустан без прерамки во боја на шампањ.

42-годишната Амбросио не мораше долго да чека на реакциите на фановите. „Која е мајка, а која ќерка? Прекрасни сте“, е само еден од многуте комплименти упатени до познатото дуо.

На своите следбеници на Инстаграм, Амбросио често им открива делови од животот со својата ќерка тинејџерка, која засега нема амбиции да се занимава со манекенство во блиска иднина.

„Таа е фокусирана на своето образование и засега не планира да се занимава со манекенство“, изјави славната Бразилка за американскиот Page Six.

Поврзани вести

📸📽 Олицетворение на елеганцијата во хит бојата на сезоната: Оваа шик Французинка никого не остава рамнодушен

Urednik

📷Пенелопе Круз доминираше на црвениот тепих во прекрасен фустан

Urednik

📷Овој капут за миг ве подмладува, а ќе ве воодушеви со својата мекост и топлина

Urednik