СТАНДАРД life
Шоубиз

Хоакин Феникс ќе глуми во експлицитна љубовна драма за двајца геј мажи

ТОД Хејнс, режисерот на „Far From Heaven“ и „Carol“, во интервју за Variety откри дека работи на нов филм со Хоакин Феникс.

Филмот сè уште нема наслов и е љубовна приказна меѓу двајца мажи, сместена во 1930-тите, а главниот фокус ќе биде на сексуалната врска меѓу двајцата протагонисти. Еден од нив е домороден Американец, а другиот е корумпиран полицаец од Лос Анџелес и заедно бегаат во Мексико.

„Интересно е што се започна со Хоакин, кој имаше некои идеи, размислувања, прашања и слики. А тој потоа ми пријде и ме праша дали чувствувам некаква поврзаност со приказната. Му реков: „Да, ова е многу интересно. Разговаравме на телефон и на крајот тоа беше сценарио“, изјави Хејнс.

Режисерот исто така додаде дека Феникс инсистирал да ги поместат границите кога станува збор за прикажување на сексуални односи. „Хоакин ја турка приказната се повеќе и подалеку на опасна територија, сексуално“, откри Хејнс.

Филмот ќе се снима во Мексико, а режисерот веќе почнал да работи со мексиканските филмаџии за да може да започне продукцијата што е можно поскоро. Снимањето треба да започне во летото 2024 година.

Поврзани вести

Тејлор Свифт го откажа концертот во Рио по смртта на една обожавателка

Radmila Tasevska

Демнечот на Шакира, кој тврди дека пејачката е негова сопруга, е уапсен пред нејзината куќа

Radmila Tasevska

Билборд објави листа на 20 најпуштани песни во светот во 2023 година

Radmila Tasevska