СТАНДАРД life
Балкан микс

Тајчи откри дека била жртва на сексуално насилство, но не го откри неговото име

Татјана Матејаш Камерон, попозната како Тајчи, и беше гостинка на Татјана Јуриќ во подкастот „Skip or Beep“, на хрватското „браво! радио“. Таа се присети на тешките моменти од нејзиниот живот, откри зошто на врвот на славата заминала во Америка во целосна анонимност, но и како завршила во затвор.

-Тоа чувство на припадност кон себе, дека знам дека сум своја, а не туѓа, секако беше причината поради која решив да заминам… – изјавила таа.

И додека денес им помага на другите со своите животни совети, не крие дека во младоста не знаела да се справи со траумите. Како тинејџерка доживеала сексуална злоупотреба и со години се борела повторно да се сака себеси и да си ја врати самодовербата.

– Рековте дека одамна сте му простиле на тој насилник, силувач, но долго време не можевте да си простите? На кој начин се преиспитувавте? Ја праша Татјана Јуриќ.

-Немав алатки, тоа е проблемот, бев така програмирана од околината, со време, го турнав длабоко, длабоко во себе… Баба ми велеше: „Ќе го однесам во гроб.. Затоа решив никогаш ни случајно да не кажам никому, туку да го однесам во гроб – рече Тајчи.

– Дури ни на мајката? – ја праша Татјана, а Тајчи додаде: – Ни на неа, затоа што да и кажам на мајка ми нема да ме пушти никаде, не ме пушташе сама, а се плашев да ѝ кажам затоа што сакав да ја заштитам. Како и кажуваш нешто толку ужасно на мајка ти? Срцето ќе и се скрши…

Никогаш не го пријавила човекот кој ја злоупотребил.

-Нема име, воопшто не е важно, затоа што помина толку време, не можеш сега да бараш некого, тоа не е целта… Не знам дали овој човек е воопшто жив, а од друга страна, зошто да вложувам енергија во тоа… А на овие мажи тоа им се случува како последица на некоја траума – додаде музичарката.

Поврзани вести

📸Грашо откри како го прославиле роденденот на ќерката Алба: „Што ќе ѝ се 200 луѓе…“

Urednik

Марија Шерифовиќ откри како се сложуваат нејзиниот син и кучето и за инцидентот во Зеница: „Во БиХ секогаш одам со широко отворено срце“

Radmila Tasevska

„Одредени делови престанаа да ми работат… Не реагирав веднаш, се опуштив“: Бора Чорба за неговото нарушено ЗДРАВЈЕ и неговата сопруга која ја запознал на 61 година

Radmila Tasevska