Мили Ванили беше германско R&B/POP дуо од Минхен и за кратко време постигнаа голема популарност ширум светот.
Нивниот деби албум, кој во Европа се викаше „All or Nothing“, а во Америка познат како „Girl You Know It’s True“, постигна светски успех, а подоцна беше крунисан со Греми награда.
Во доцните 1980-ти и раните 1990-ти, тие беа дефинитивно најпопуларното дуо во светот, а нивните песни беа број еден на речиси сите музички топ листи.
Во март 1990 година, во списанието Тајм, Пилатус се прогласи себеси за „новиот Елвис“, тврдејќи дека тој и Морван биле музички повеќе талентирани од Боб Дилан, Пол Макартни и Мик Џегер.
Пилатус и Морван, членови на оваа група, не уживаа слава многу долго.
На врвот на нивната популарност, интервјуто на МТВ откри дека Морван и Пилатус всушност зборуваат многу слаб англиски, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на гласовите на нивните албуми.
Имено, набрзо било откриено дека двајцата не отпеале ниту една песна од албумот, туку дека само отвориле уста, додека други пееле за нив.
Поради ова, тие беа засекогаш запаметени како најпознатите отварачи на уста.
Тие влегоа во историјата на музиката, како единствени пејачи кои мораа да ја вратат наградата Греми, а оваа ситуација стана позната како најголемата измама досега во музичката индустрија.
Се обидоа да се вратат во деведесеттите и да им докажат на сите дека, иако не пееле, сепак можат да пеат.
Но, за време на снимањето на новиот албум, кој сакале да го издадат, Роб Пилатус бил во хаотична состојба поради дрога.
Фаб Морван ја плати рехабилитацијата во Германија, но ден пред промоцијата на повратниот албум, на 2 април 1998 година, Пилатус беше пронајден мртов во хотелска соба во Франкфурт поради предозирање. Во моментот на смртта имал само 33 години.
Така, обидот за враќање пропадна и албумот никогаш не беше објавен во јавноста. После тоа, Морван продолжи да свири музика, а во 2003 година издаде соло албум.
Инаку, се планира да се сними филм за овој скандал, а Елан Бен ќе го игра Фабрис Морван, а Тијан Њи ќе го игра Роберт Пилатус.