13.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
15, June, 2023, Belgrade - Performance by Ace Lukas on Konsulat Waterfront raft. Aleksandar Vuksanovic - Aca Lukas. Photo: M.P./ATAImages 15, jun, 2023, 2023 - Nastup Ace Lukasa na splavu Konzulat Waterfront. Photo: M.P./ATAImages
Балкан микс

Аца Лукас сакал да и ја исполни желбата на ќерка си, па доживеале сообраќајна несреќа

Пејачот Аца Лукас вчера имаше сообраќајна несреќа во близина на аеродромот „Никола Тесла“.

Како што објавија медиумите, пејачот бил на совозачкото седиште, а возилото го управувал неговиот возач. Со нив во автомобилот била и најмладата ќерка на Лукас, Викторија.

Автомобил „Мини Купер“ удрил во страната на „мерцедесот“ во кој биле Аца Лукас и неговата наследничка, но за среќа нема повредени.

Како што сега откри извор за „Курир“, Лукас имал настап во град во близина на Амстердам, а следниот ден отишол во продавница да купи подароци за својата ќерка. Со оглед на тоа дека Викторија добро јава, за роденденот претходно и купил коњ, тој планирал да оди со неа на ручек од аеродром, а потоа на хиподром.

Но, дошло до несреќа, а како што понатаму се наведува, Викторија по немилиот настан се исплашила и барала вода, но за среќа не била повредена.

Поврзани вести

Лепа Брена најави концерт во загрепската Арена за една година, а билетите веќе речиси распродадени

Urednik

Тржан за поранешниот партнер: Додека ме тепаше, мислев дека ме сака

Radmila Tasevska

Марија Шерифовиќ ги нападна Хрватите за коментарите за Александра Пријовиќ: „Можат да свират, но не можете да одите против волјата на народот“

Radmila Tasevska