СТАНДАРД life
Балкан микс

Аца Лукас сакал да и ја исполни желбата на ќерка си, па доживеале сообраќајна несреќа

Пејачот Аца Лукас вчера имаше сообраќајна несреќа во близина на аеродромот „Никола Тесла“.

Како што објавија медиумите, пејачот бил на совозачкото седиште, а возилото го управувал неговиот возач. Со нив во автомобилот била и најмладата ќерка на Лукас, Викторија.

Автомобил „Мини Купер“ удрил во страната на „мерцедесот“ во кој биле Аца Лукас и неговата наследничка, но за среќа нема повредени.

Како што сега откри извор за „Курир“, Лукас имал настап во град во близина на Амстердам, а следниот ден отишол во продавница да купи подароци за својата ќерка. Со оглед на тоа дека Викторија добро јава, за роденденот претходно и купил коњ, тој планирал да оди со неа на ручек од аеродром, а потоа на хиподром.

Но, дошло до несреќа, а како што понатаму се наведува, Викторија по немилиот настан се исплашила и барала вода, но за среќа не била повредена.

Поврзани вести

Северина го изгуби старателството над синот па порача: „Ќе се борам до последната капка крв за моето дете“

Radmila Tasevska

📸 Ова го чекавме: Хана Хуљиќ објави семејна фотографија со Грашо и малата Алба

Radmila Tasevska

Со најпопуларните српски актери и испочитувана традиција: Како Милош Биковиќ го прослави раѓањето на својот син?

Radmila Tasevska