СТАНДАРД life
МК Сцена

На платото пред Спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево во четврток ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески

На платото пред Спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево во четврток на 5 октомври во 19 часот ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески со неколкумина регионални и домашни поп пејачи.

Настанот е на 5 октомври, денот кога Тоше го одржа последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје во 2007 година.

Неговите најголеми хитови ќе ги пеат Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Александра Трајческа, Никола Зацески, Зоран Илиев, „Инвиктус бенд“, српската група „Фрајле“, а од Црна Гора гостува пејчот Бојан Маровиќ, кој беше добар пријател со Тоше.

Македонската мега ѕвезда Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа во Хрватска на 16 октомври 2007 година, неполни две недели по последниот концерт.

Поврзани вести

Започнува 24. CINEDAYS со репертоар од над 50 европски остварувања

Urednik

(Видео) Нова победа на Франција на детската Евровизија, нашата прекрасна Нела го освои седмото место

Urednik

„ПМГ Танц Дигитал“ одбележува 5 години постоење

Urednik