СТАНДАРД life
Шоубиз

ФОТО: Џорџина Родригез позираше на насловната страница на „Vogue“, се шпекулира дека заработила дури 120.000 евра

На насловната, таа носеше тексас јакна и фармерки во стилот на 2000-тите. Комбинацијата ја зачинила со златен појас.

Партнерката на Роналдо (38) Џорџина Родригез (29) позираше на насловната страница на португалскиот Vogue, а локалните медиуми шпекулираа колку таа заработила за овој ангажман.

Се шпекулира дека убавата половина на Роналдо наводно заработила меѓу 100 и 120 илјади евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Portugal (@vogueportugal)

На насловната, таа носеше тексас јакна и фармерки во стилот на 2000-тите. Изгледот го зачинила со златен појас и соодветно синџирче. Бидејќи беше двојна корица, таа носеше долг фустан со животински принт во втората верзија.

Да потсетиме, Џорџина неодамна објави фотографија со Роналдо како ужива на вечерата, но следбениците забележале само едно – усните на Џорџина, кои изгледале поголеми од вообичаено.

„Што направи со усните?“, „Усни полни ботокс“, „Дали и таа мораше да го прави тоа?“, напишаа под новата објава.

Инаку, парот моментално е во Саудиска Арабија бидејќи фудбалерот настапува за клубот Ал Наср. Неодамна се шпекулира за проблеми во нивната врска, додека Џорџина сето тоа го оспорува со нови фотографии од неа и Роналдо заедно.

Поврзани вести

Започна снимањето на филмот во режија на Џони Деп со Ал Пачино во главната улога

Urednik

(Фото+видео) Почина легендата на реге музиката, творецот на „Хакуна Матата“ од „Кралот лав“

Urednik

(Фото) Трансродовата ќерка на Илон Маск е новото лице на брендот за долна облека на Ријана

Urednik