СТАНДАРД life
Шоубиз

Мадона прво ја разочара публиката со својот настап, а сега и се заканува казна од 300.000 фунти: Прекрши правило во Лондон

Поп-ѕвездата Мадона би можела да добие огромна казна поради кршење на законот.

Имено, откако го прекршила строгото правило за полициски час на концерт во Лондон, таа би можела да добие казна од 300.000 фунти.

Мадона ја започна својата турнеја „Celebration“ во Лондон во саботата.

Иако таа вечер извела 140 минутен настап, следната вечер имала проблем. Мадона беше принудена да го скрати својот настап поради технички проблеми, но сепак го надмина рокот.

Концертот во О2 арената траеше 30 минути подолго од дозволеното, а наместо до 22:30, таа пееше половина час подолго. Покрај тоа, таа не стигнала на сцената пред 21 часот, а обожавателите ја предупредија дека може да останат без ноќен превоз.

Таа не ги испеа некои од најголемите хитови, што ги налути нејзините обожаватели кои протестираа на социјалните мрежи.

Таа се соочува со казна од дури 300.000 фунти, односно како што пишува „Дејли мејл“ секоја минута чини 10.000 фунти.

Мадона сè уште не објавила ништо за ова, а многумина ја очекуваат нејзината реакција.

Поврзани вести

Џони Деп за траумата од детството: Мајка ми ме научи како да не одгледувам деца

Urednik

Калиста Флокхарт (59) е непрепознатлива во најавата за новата сезона на серијата Феуд

Radmila Tasevska

Хоакин Феникс ќе глуми во експлицитна љубовна драма за двајца геј мажи

Urednik