СТАНДАРД life
Шоубиз

Бракот на Џеј Ло и Бен Афлек во сериозна криза

Бен Афлек и Џенифер Лопез минуваат низ голема криза, пренесуваат странските медиуми.

Бракот на Бен Афлек и Џенифер Лопез постојано е под лупата на медиумите, а откако веќе неколку пати негираа какви било проблеми во односот, овој пат изгледа дека сепак не е сè совршено.

Како што пишуваат странските медиуми, оваа двојка се повлекла и моментално се справува со тешки одлуки околу заедничкото родителство, со оглед на тоа што и двајцата имаат деца од првиот брак.

„Фазата на меден месец заврши. Се разбира, тие сè уште се лудо вљубени, но се под голем притисок поради работните обврски и центарот на вниманието и спојувањето на семејството“, изјавил извор за In Touch.

Инаку, тие често беа во јавност со своите деца, но во последно време се шпекулираше дека Афлек е многу поблизок со поранешната Џенифер Гарнер отколку што треба.

Да потсетиме, Џеј Ло ги има близнаците Макс и Ема, додека Бен ги има ќерките Вајолет и Серафина и синот Семјуел.

„Бен и Џенифер Гарнер се многу блиски. Всушност, во последно време имаше многу заеднички фотографии на кои Бен изгледа толку среќно, посреќно отколку што обично изгледа кога е со Џенифер Лопез. Таа не мисли дека Бен сака да ѝ се врати на поранешната, но која жена не би била малку љубоморна“, додал изворот.

Поврзани вести

Дуа Липа: Поради моето искуство со Косово, разбирам низ што минуваат луѓето во Газа

Radmila Tasevska

Бритни Спирс целосно гола го прослави историскиот успех на својата книга (ФОТО)

Radmila Tasevska

Мадона блесна во природно издание, сликана додека вози велосипед (ФОТО)

Radmila Tasevska