СТАНДАРД life
МК Сцена

Ова е песната со која ќе се претставува Македонија на детската Евровизија (видео)

Се ближи датумот кога ќе се одржи годинешното издание на детскиот Евросонг каде Македонија ќе ја претставува Тамара Грујеска која ќе настапи со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ (Tell me who),

Видеото сега се најде на официјалната страница на Junior Eurosong, а истото го потпишуваат Огнен Шапковски и Кристијан Теодоров.

Текстот на песната која е отпеана на македонски и англиски јазик е дело на Роберт Билбилов и Коста Петров, а за продукцијата и музиката се погрижија Билбилов и Дарко Димитров.

Детската Евровизија ќе се одржи на 26 ноември во Ница, Франција, а младата Тамара од Гостивар беше избрана за наш претставник на аудиција која се одржа во месец мај.

Инаку, Тамара е родена на 2 декември 2010 година во Гостивар. Своите почетоци во светот на музиката ги прави на само пет години и оттогаш постојано е активна на детските фестивали во земјава и во странство. Таа е уникатна и бестрашна. Препознатлива е по моќните изведби и својот вокал, кој освојува и никого не го остава рамнодушен. Доказ за тоа се и големиот број на награди кој ги освојува, не само во Македонија туку и на интернационални натпревари.

Погледнете ја нашата „Кажи ми, кажи ми кој“:

Поврзани вести

Почина Мето Јовановски

Urednik

Интервју со Гавриловски: Комедијата како жанр недостасува на домашната сцена, публиката е заситена од филмови со „патење“ 

Urednik

Новогодишно интервју со Павле Камилоски: Во 2026 година сè што барам од Бога е здравје и да останеме сите заедно на број

Urednik