20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
FILE PHOTO: FILE PHOTO: Cast member Richard Roundtree poses at the premiere of the movie "What Men Want" in Los Angeles, California, U.S. January 28, 2019. REUTERS/Mario Anzuoni/File Photo
Шоубиз

Почина Шафт првиот црн акционен херој

Американскиот актер Ричард Раундтри, „првиот црн акционен херој“, најпознат по улогата на приватниот детектив Џон Шафт во филмот „Шафт“ од 1971 година и продолженијата „Шафт Биг Скор“ и „Шафт во Африка“, но и по улогите кој се занимава со расни односи во Америка, почина во вторникот на 81-годишна возраст, изјави неговиот менаџер за Hollywood Reporter.

Раундтри почина во својот дом во Лос Анџелес од рак на панкреасот, изјави менаџерот Патрик Мекмин.

„Работата и кариерата на Ричард претставуваат пресвртница за Афроамериканците во филмската индустрија. Влијанието што тој го имаше врз индустријата е несомнено“, рече Мекмин во изјава за Variety.

Раундтри се прослави со филмот „Shaft“ кој припаѓа на таканаречениот жанр blaxploitation. Станува збор за филм од 1971 година за приватен детектив од њујоршкиот Харлем, а тој ја повтори улогата во продолженијата и ТВ сериите.

Улогата на груб уличен лик, полицаец облечен во шарени кожени јакни и популарната музичка тема на Исак Хејс придонеле за неговата популарност меѓу белата публика во седумдесеттите, пишуваат американските медиуми.

Раундтри, исто така, глумеше во ТВ-серијалот за ропство од 1977 година на ABC „Корени“ и се прослави во улогата на смелиот моторџија Мајлс во филмот „Земјотрес“ од 1974 година.

Меѓу неговите највлијателни филмови е „Беше еднаш … Кога бевме обоени“ од 1996 година, приказна за тесно поврзана црна заедница која се соочува со расизам во повоениот Мисисипи.

Roundtree продолжи да снима редовно до самиот крај, завршувајќи 159 актерски улоги. Според IMDB.com. неговите три филмски проекти допрва треба да се емитуваат.

Тој има четири ќерки од два брака, Никол, Тејлер, Морган и Кели Раундтри и синот Џејмс, пишува Variety.

Поврзани вести

Че повеќе нема да биде во новата сезона на серијата ‘И само така…’, а еве зошто

Radmila Tasevska

🎥Хју Џекмен влезе во неволја во центарот на Њујорк

Urednik

Емили Ратајковски и официјално се разведе по три години: „Бев многу несреќна“

Urednik