СТАНДАРД life
Здравје

Зошто треба да вклучите повеќе витамин Д во вашата исхрана?

Веројатно сте слушнале дека луѓето го нарекуваат витаминот Д витамин на сонцето. Причината е тоа што телото го создава со изложување на УВ зраци и кој, кога го имате доволно, може да ви го подигне расположението. Тој исто така игра клучна улога во здравјето на коските, јачината на забите и силата на имунолошкиот систем.

„Витаминот Д е витамин растворлив во масти. Неговата главна функција е да му помогне на телото да ги апсорбира и регулира калциумот и фосфорот, осигурувајќи дека тие се достапни за зајакнување на коските и забите. Исто така помага во апсорпција на магнезиум, кој ја поддржува функцијата на мускулите и нервите, како и нивоата на енергија“, објаснува за Prevention Мелиса Перст, портпаролка на Академијата за исхрана и диететика.

Постојат два вида на витамин Д – витамин Д2 и витамин Д3. Витаминот Д2 се наоѓа природно во некои растенија, додека витаминот Д3 се наоѓа кај некои животни и човечката кожа го произведува со изложување на сончева светлина.

Придобивки од витаминот Д:

  • Витаминот Д е вклучен во многу метаболички патишта и научниците продолжуваат да ја истражуваат неговата улога во болести на срцето, дијабетес, депресија и мултиплекс склероза, меѓу другите.
  • Ги зајакнува коските и мускулите и имунитетот, придонесува за подобро здравје на срцето и го подигнува расположението.

Извори на витамин Д

Меѓу најдобрите природни извори на витамин Д се масните риби како лососот, туната, скушата и пастрмката, како и рибиното масло од црн дроб. Сирењата, жолчките, говедскиот црн дроб и печурките исто така имаат мали количини на витамин Д, додека храната како млекото, јогуртот, житариците и сокот од портокал често се збогатени со витамин Д.

„Тешко е да се добие доволно витамин Д само од храна. Треба да консумираме витамин Д и да се изложуваме на сонце за да се осигураме дека имаме соодветно снабдување за нашето тело“, наведе Перст.

Недостаток на витамин Д

Недостатокот на витамин Д треба да се потврди со тест на крвта. Повеќето симптоми се нејасни, а други пак лесно се предвидуваат. Симптомите на недостаток на витамин Д вклучуваат замор, мускулна слабост, болки во коските и мускулите, повеќекратни фрактури или повреди на коските и промени во расположението.

Поврзани вести

Два симптоми кои би можеле да значат дека сме изложени на ризик од кардиоваскуларни заболувања

Radmila Tasevska

Зошто храната без шеќер предизвикува редовно празнење на цревата?

Radmila Tasevska

Препознајте мини мозочен удар по овие симптоми

Urednik