СТАНДАРД life
Здравје

Внесете ја леќата во исхраната – полна е со протеини и железо, а го регулира и шеќерот!

Леќата не е многу посакувана намирница во исхраната на овие простори, но таа е полна со протеини и железо, а го регулира и шеќерот во крвта.

Можете да ја консумирате како чорба или како салата. Има многу вкусни рецепти и начини да ја подготвите.

Леќата има високо ниво на растворливи влакна

Влакната се раствораат во вода и создаваат мешавина слична на гел, која се движи низ нашето тело и помага да се отстранат некои од супстанциите поврзани со високиот холестерол – вели нутриционистката Џенифер Ханвеј.

Една шолја леќа може да обезбеди дневна доза на влакна, која е 26 грама. Растворливите влакна помагаат и во регулирањето на шеќерот во крвта, па затоа се одлични за дијабетичарите.

Леќата има и повеќе од 20 грама протеини во само половина шолја, што ја прави совршен прилог за ручек, особено ако сте вегетаријанец или веган. Можете да направите и многу вкусна салата.

Со консумирање на леќата можете да внесете калциум, калиум, цинк и железо, како и многу витамини од групата Б.

Салата од леќа

За салата се потребни околу 400 грама леќа.

Потопете ја леќата во ладна вода околу 2 часа, а потоа сменете ја водата и посолете ја, па варете додека не омекне.

За тоа време исечкајте свежа пиперка, една зелена, една црвена. Исецкајте еден кромид и изрендајте еден голем морков. Сето тоа се меша, па се додаваат сечкани 2 варени јајца.

Кога леќата е сварена, исцедена и изладена, додадете го сечканиот зеленчук.

Во мал сад истурете малку маслиново масло, сол, оцет и лажица сенф и сè убаво измешајте, а потоа прелијте ја со салатата од леќа.

ЗАБЕЛЕШКА:

Наместо дресинг, можете да ставите грчки јогурт во вашата салата. А по желба можете да додадете и варена пченка, секако и изборот на зеленчук зависи од вас. Ставете го она што ви одговара…

На здравје!

Поврзани вести

Лекарите советуваат што да јадете за здрава кожа без брчки

Radmila Tasevska

7 намирници кои го чуваат вашиот вид

Radmila Tasevska

Зголемувањето на килограмите во зима е нормално: Еве како да го избегнете

Urednik