СТАНДАРД life
Здравје

Лимонот е штетен за одредена група луѓе

Лимонот дава бројни придобивки за нашиот организам, а позитивно влијае и на здравјето. Сепак, лимонот може да биде опасен и за одредена група на луѓе.

Не е лесно да се набројат сите придобивки што ги има телото од лимонот, односно сокот од лимон. Богат е со витамин Ц, па се спротивставува на слободните радикали во клетките, помага во работата на срцето и го намалува ризикот од мозочен и срцев удар. Лимонската киселина од лимонот помага да се спречи формирањето на болни камења во бубрезите, а исто така ја ублажува болката кај воспалените синуси.

Влијае на намалување на нивото на шеќер во крвта и е одличен сојузник во борбата против вирусите. Лимонот е вреден за одржување на витка линија бидејќи го забрзува метаболизмот, но и за убавина бидејќи може да ги осветли дамките на кожата, да ги намали мастите од косата и да ги отстрани брадавиците. Се чини дека лимонот е семоќен, но нутриционистите предупредуваат дека сепак постојат одредени категории на луѓе кои би требало да го исклучат лимонот од исхраната.

Според експертите, цитрусното овошје е најопасно за луѓето со гастритис и други болести на дигестивниот тракт.

„Лимонот го поттикнува производството на хлороводородна киселина во организмот. Кога ќе влезе во стомакот на пациент со дигестивни проблеми, киселоста уште повеќе се зголемува, што предизвикува не само непријатност, туку и влошување на здравствените проблеми“, тврди нутриционистката Наталија Круглова.

Поврзани вести

Од псоријаза до недостаток на железо: веѓите можат да предупредат на здравствени проблеми

Urednik

Сакате да изгубите тежина? Ова е најдобриот избор за појадок

Radmila Tasevska

Ослободете го стресот и опуштете го умот: 8 начини да заборавите на грижите

Urednik