СТАНДАРД life
Фитнес

Фитнес рутината на Меган Маркл: Како до извајани раце и мускулесто тело?

Меган Маркл не престанува да биде дневна тема на таблоидите; од скандали и модни прашања, до прашања за тоа што јаде војвотката, со кого се гледа и како успева да одржи беспрекорна линија на телото.

Иако е во петтата деценија од животот, оваа темнокоса убавица има мускулен тон на кој би ѝ позавиделе и дваесет години помладите девојки од неа.

Дали е тоа генетика, тренинг или здрава исхрана? Би рекле, сите три фактори.

А што прави Меган што успева да изгледа толку совршено?

Комбинации на повеќе спортски активности

Имено, Меган комбинира јога, пилатес, бокс, долги прошетки и тренинзи за сила за да ги постигне посакуваните резултати.

Тренерот Александар Легезенски вели дека постигнувањето затегнати рамења и раце се сведува на еден едноставен фактор: волумен на мускулите наспроти волумен на маснотии.

Тој наведува дека тренингот со отпор е најдобрата опција; отпорност од тежината на тегови, ленти или телесна тежина. Сè додека мускулот е предизвикан, тој работи. Меган редовно практикува пилатес и јога, кои го постигнуваат истиот резултат.

– Тренингот со отпор создава витки, долги мускули. Нема поубаво чувство од тоа кога ќе ја гледате трансформацијата на вашето тело и вашата психа во посилна, поздрава верзија – објаснува Александар Легезенски.

Исхрана

Легезенски објасни дека, покрај градењето мускулна маса, уште еден важен чекор е управувањето со нивото на маснотии, така што тонирањето на мускулите е видливо, поради што здравата исхрана е неопходна.

– Не мора сите да преземаат исти чекори. Некои луѓе ќе мора да јадат помалку, други исто, а некои ќе мора да јадат повеќе – наведува тој.

Меган претходно изјави дека нејзината исхрана е главно риба и зеленчук. Рибата нуди посен протеин кој ги поддржува мускулите без додавање маснотии, пишува „Dailymail“.

Поврзани вести

Никол Шерцингер тренирала 7 пати неделно по 4 часа на ден, а сега верува во рамнотежа

Urednik

Како можеме да поставиме одржливи новогодишни фитнес ветувања?

Urednik

15 минутни вежби за стегнат стомак

Radmila Tasevska