СТАНДАРД life
Фитнес

5 вежби на стол за рамен стомак: Правете ги секој ден без многу мака и труд

Живееме во свет во кој седиме долго и често неправилно, па ни треба физичка активност.

Треба да се движиме, да ја циркулираме крвта низ телото, а во тоа можат да помогнат и најбаналните вежби.

Ова се пет вежби кои можете да ги правите во седечка положба, додека гледате филм или серија, а ви требаат само неколку минути за да ги изведете.

1. Свиткување

Ставете ги стапалата рамно на подот и исправете ги рацете на ниво на рамената. Свртете го горниот дел од телото надесно, наведнете се и допрете ја десната нога со левата рака. Останете во оваа положба неколку секунди, а потоа вратете се на почетната позиција.Потоа повторете сè со десната рака и левата нога.

Направете ја вежбата од 25 до 30 повторувања.

2. Подигнете ги колената до градите

Седнете на стол и држете го грбот исправен, без да го допирате задниот дел од столот. Стапалата треба да бидат на подот на ширина на колковите. Подигнете го десното колено и повлечете го кон градите. Вовлечете го стомакот, а грбот треба да биде исправен.

Направете 30 повторувања наизменично со двете колена.

3. Двојно кревање на коленото

Седнете на стол со споени нозе, држете се за столот со двете раце. Држете го грбот исправен, кренете ги колената и повлечете ги кон градите. Држете ги стомачните мускули затегнати, а потоа спуштете ги стапалата без да го допирате подот.

Направете 20 повторувања.

4. Подигнете го телото над столот

Седнете и држете ги рацете цврсто на столот. Подигнете го телото над столот така што нозете и колковите да ви бидат во воздух. Во оваа положба, кренете ги колената до градите. Останете вака 20 секунди, а потоа вратете се на почетната позиција.

Направете четири повторувања.

5. Подигање на коленото до лактот

Седнете на столот со исправен грб без да го допирате потпирачот за грб. Ставете ги рацете зад вашата глава, а потоа кренете го десното колено кон градите. Свиткајте го левиот лакт кон коленото и вратете се на почетната позиција.

Направете 15 повторувања со едното колено, а потоа направете го истото со другото.

15 минутни вежби за стегнат стомак

Поврзани вести

Ако сакате најдобри резултати, еве го најдоброто време од денот за тренирање

Urednik

🎥HIIT вежби за топење на масните наслаги: Согоруваат калории за 11 минути!

Urednik

Затегнете ги нозете за 7 дена со овие вежби: Ви требаат 20 минути дневно

Urednik