СТАНДАРД life
Шоубиз

(ФОТО)Меган Фокс изненади со драстична промена на фризурата

Актерката Меган Фокс (37) и музичарот Машинган Кели (33) повторно привлекуваат внимание. Парот се појави на улиците на Њујорк, а сите ја забележаа новата фризура на Меган.

Актерката својата црна препознатлива боја ја замени со светло црвена, а многумина се прашуваат дали носи перика. За прошетка избрала краток црн фустан со бели точки, кој го искомбинирала со црни сандали. Нејзиниот вереник носеше неутрална комбинација, беж горен дел и „кожени“ панталони во слична боја.

Меган Фокс и Машинган Кели
Меган Фокс и Машинган Кели

Инаку, парот во последно време има проблеми во врската, па извесно време се шпекулираше дека ја откажале свршувачката. Сепак, денес им оди подобро од било кога, а како што изјавиле за „Дејли Мејл“ извори блиски до парот, тие повторно планираат венчавка.

– Повторно се на добар пат. Имаа толку многу успех во терапијата заедно. Почнаа повторно да си веруваат, а потоа почнаа да зборуваат за венчавка – рекоа тие.

Некое време се шпекулираше дека Машинган Кели ја изневерил својата свршеница со гитаристката Софи Лојд. Меган ги негираше овие тврдења, а потоа повторно почнаа да се појавуваат заедно на разни настани.

Меган и Кели се во врска од 2020 година, а се верија во јануари 2022 година.

Поврзани вести

Одложена премиерата на вториот дел на Dune

Urednik

(ФОТО)Ролинг Стоунс најавија албум преку оглас во весник?

Urednik

📽 Сценарија за две епизоди на „Пријатели“ продадени за неверојатни 22.000 фунти

Radmila Tasevska